08.06.2012
11
Rap
Tekst piosenki
[Строфа 1: Марко]
Да бидам Драган, да ми кажеш нешто драга
Да одиме на места кои само ти ги сакаш
Да бидам капетанот главен
Сите знаат чија си, ќе му кажеме на Славе
Ти си песна што ќе трае, знае Верица
Ми требаш ти, ми треба креветот и една перница
Сакам еден бакнеж вкусен како никогаш
Како во песната на Нина Спирова
Искрено вака, и друго сакам
А штом се сака, се прави како мене вака
А можам и да бидам момчето со мандолина
Можам да свирам, и музика јас да ти бидам
Да бидам искрен
Сакам да пичи Хаџиманов на систем
И како Вардар да ти дотечам
На се што правевме вчера јас да те потсетам
Хелена Благне кажа како е кога те нема
Ми треба жена да биде покрај мене секад
Решлив би бил секој проблем
Ти само љуби ме и твој сум свет
[Рефрен x2]
Имавме музика, класика
За која денеска не знаат
Имавме се што денес нема
Има повеќе бизнис, а се помалце песна
[Строфа 2: Даре]
Би сакал временска машина, може лифт ко Bill & Tedd
Да се вратам и да сменам мал дел, па не би паднал Lennon
Велам би му дал шанса на мирот
Моливот наместо пиштол на ловецот во жито
Би ја женел Yoko Ono, не дека сум по азијки
Само да свират Beatles-и, светов да слушне вистини
Би сакал да сум до Дилан кога тој пее на бина
Со Muddy Watters кога блузот го свират
А мојот татко беше Rolling Stone
Учев од музика со брејкови, скреч, семпл и винил кој
Го носеше звукот на блокот
Од петте елементи општо, не тој лабав 808
Горд сум на земјава што имало музика
Духот на старото Скопје на плоча да ислушаш
Од „Chao Adio“ до „Галебе Мој“, до подрумот мој
Моите криеле богатство под прашина, кој
Би ги вратил Зафир и Славе, Сашка и Верица назад
Место Јован Јованов и целата багра?
На дванаесет ја чув од Зафир „Како Вардар“
На дванаесет ја слушаш „Пази се од мене“, жалам
[Рефрен x2]
Tłumaczenie
Brak
Najnowsze teksty piosenek
Sprawdź teksty piosenek i albumy dodane w ciągu ostatnich 7 dni