08.06.2012
5
Rap
Tekst piosenki
[Строфа 1: Тоди]
Темна е ноќта, а студот голта и мисла најтопла
Тера на лоши нешта, обзема свест
Па делува по своја волја, во човек буди злоба
Инстинкт за преживување, борба до последна солза
Така решив и јас, да прошетам по улица
Ко детектив од стрип со лупа да видам
Какви чувства буди зимата груба
Кај оние кои се далеку од камин и елка, на празничните утра
Погледи ладни, поладни од самата неа
Бегам со очи, кај да гледам? Осеќам ко да ме следат
Па забрзувам чекор по чекор, но ко да слушам ехо
Други чекори позади мене, исто темпо
Тогаш се свртев да се соочам со него
Викнав „не си ти крив, знам, студот во коските влегол“
Но позади само празен сокак
Студот и мене ме стигнал, па трчам накај дома, бегам од ноќта
[Рефрен x2]
Оууу, гревот на мојот град, кога се посомнева во мене
Оууу, гревот на твојот град, кога се посомнева во себе
[Строфа 2: Маро]
Моето време доаѓа како што сонцето ќе зајде
Каде снегот уште тежи на гранките ќе ме најдеш
Го делам мојот товар со бездомникот од ќошот
Онаму доле под мостот, додека не види што сум
Се што барав да се чуе мојот повик
Дури бараше топлина, во шишето со восхит
Секој од нив ме носи во срцето
Само види им ги очите и се ќе биде појасно
А јас немам ниту лице, ниту име
Ниту примери за пример, ниту роднини ни дилер
Понекогаш барам утеха во филмови
Црно-бели слики, успорени фрејмови
Слушам гласови "знам дека не си ти крив"
За момент е обоен градов, не е веќе сив
Тајната ја знае дека студот е стравот
И дека сите во себе потајно носиме ѓавол
Бега дома, таму каде мисли е скриен
Каде што прави и твори, каде што дише и спие
И нема каде кога во себе го носи мразот
Сказната продолжува, се протнувам под прагот
[Рефрен x2]
[Строфа 3: Тоди (Маро)]
Конечно сум дома, топлината е мојот пријател
Помеѓу ѕидови се осеќам посигурен
Но ко да не сум сам, присуство на друг
Приметувам во собава ко некој да прошепоти чув
(И сам си свесен дека одамна сум влезен
Во домот а и надвор каде талкаш така везден
Ретко кој е храбар за да погледне во него
Кога ти стоиш на брегот, мислиш на крајот на денот)
А на крајот на денот сите сфаќаме едно
Но не ја сфаќам потребата да се одмаздиш на секој
(Зошто на вашите дела сум сведок
А некогаш човекот беше дел од моето его
Извини, прости)
Tłumaczenie
Brak
Najnowsze teksty piosenek
Sprawdź teksty piosenek i albumy dodane w ciągu ostatnich 7 dni