Tekst piosenki
[Строфа 1: Пикисипи]
Живеам живот на вистински MC
САФ ѕверот, еден единствен Пикисипи
Афро фризура, шарени патики
Шпиц панталони и уши грамофони
А јас рокам микрофони секој ден
Летам како пеперутка и боцкам како стршлен
Мојот стил за вас е нерешлива енигма
Непоразен шампион на оваа проклета игра
И да играме џамлии, ќе те направам ѕаѕики
Зошто си лажен рапер како силиконски цицки
Јас во твоите очи ќе бидам трн
Имам моќ да направам Мајкл Џексон пак да биде црн
Ако ме предизвикаш, ќе те заковам ко шајка
Нема да те препознае ни ружната ти мајка
Ќе ти треба добар адвокат да те одбрани
Зошто имам повеќе рими од Бил Гејтс долари
Ги жалам моите противници
Остар ко жилет, ги сечам како ножици
Појак од Супермен зошто сум стопроцентен криптонит
Стиховен Шварценегер, ајде пипни
60 кила, а тешка категорија
Раперите се болни од Пикисипифобија
На поразените кожата им ја дерам
И тополите се високи па страчките ги серат
И да си голем како Кинг Конг
Со твојот г'з ќе играм пинг-понг, во 1 рунда динг донг
Од тука па до Кочани
Сите кога рецитирам, се со гаќите помочани
Суверено владеам на тронот
Зошто сум 24/7 на микрофонот
Екскалибур крал како Артур брутално
Пред борба прати си ја мерката во погребално
Зошто не е важно само да партиципираш
Што ќе бираш? Најважно е да победуваш, капираш?
Зошто се памтат само шампионите
Во борбата на микрофоните
[Рефрен х4]
24/7 на микрофонот
[Строфа 2: Смилен]
Проба, еден, два, сега све како лозје
Рап терорист, борба со микрофони за име божје
Со шестар и агломер ти мерам глава како масон
На сон од ружин крст, правам лосион
Па пред да почнете да се чудите, види дали штима
Јас сум трите мускетари ко Александар Дима
Главен град на Перу е Лима
А место жена, јас имам посестрина
На кој му е добро, тој со главата кима
Па дечко признај сега дека воопшто немаш рима
Па иако не сум ајван, сакам да живеам во Тајван
Зошто таму микрофонот се носи во ресторан
Луд микрофон, луди рапови луди ритмови
На луди кретени им облакам пелени
Паѓам во трансови невидени
Чекор по чекор ти, секогаш бегаш, пропаѓаш како фени
Богат и здрав, си се честам па на здравје
Моите тези за тебе се гром ко топло млеко Здравје
Својот ѕид го ѕидам цврсто тула по тула
А ти размисли добро на кого му крадеш гулаб
И ѕвончето ѕвони динг динг
Се мислиш лош како царот Минг но јас сум крстен за викинг
Ла ла, ја пеам својата швркната песна
На некому од нас државата му е тесна
Не е важно дал е нојмал, акг, шур
Понекогаш микрофонот наликува на буре барут
Со полно труд, јас свирам на ут и лаута
Те претекнувам брзо ко Ники Лауда
Јас имам афро фризура и лажна бунда
На мојот микрофон му давам 350 рими во секунда
Ипази кога се смееш на проба
Во борба на микрофони секојдневно јас те дробам
[Рефрен х4]
Tłumaczenie
Brak
Najnowsze teksty piosenek
Sprawdź teksty piosenek i albumy dodane w ciągu ostatnich 7 dni