25
Rap
Tekst piosenki
[Строфа 1: Скептик]
Незнам како да ти служам Господи
научи ме и прости ми, за сите гадости
што сум ги направил, радостите, што сум ги осетил
сум ти благодарен за се
честопати помислувам дека сум најблагословен
Привидната животна идила ми дава сила да издржам во
моменти кога почнувам да губам крила
а душава е мила, но знае да биде мрачна
кога се нема верба во себе и виша сила приступачна
Треморот е јак и сомнежот е тука пак
и стариот пат одново за да излезам накрај појак
И нема смисла пак со злото да се борам
кога сенките се пријател во ноќта со нив морам
да чекорам кон Тебе, единствен вреден
ми дари живот а јас почит и љубов враќам кон Тебе
и навечер се враќам во мирен дом со топол оброк
луѓе мили и удобен кревет
[Строфа 2: Кискин]
Чув како старите велат "немаат душа ни тела
се мрачни силуети за кои светлина треба
без неа ги нема, штом се без зрак тие ќе загинат"
Но мене ко да ме следат по навика
Јас ги гледам но на значење не им давам
така само мојот страв ќе го издадам
Сенките - јас научив да живеам со нив
и несигурноста да ја изедам во миг
Аури нема знај ти во темнина да гледаш
само огнени јазици штом во Тартарус си еднаш
Па понекогаш сакам да гори светот
пошто мислам место мене овде има друг некој...
Тој што ги пишува песните и е гневен на се
гадот што градот го копа да остави белег да е...
Па кога мене ќе ме нема
ти ќе го гледаш мојот лик во сенка
[Рефрен]
Јас никако нема да загинам кога еднаш ќе заминам
туку ќе сум најприсутен кога чувствуваш празнина
Пријател во ноќта или кошмарот во сонот...
јас сум тоа што тежи над тебе дур седиш на тронот!
Tłumaczenie
Brak
Najnowsze teksty piosenek
Sprawdź teksty piosenek i albumy dodane w ciągu ostatnich 7 dni