Divizija - Potomstvo - Tekst piosenki, lyrics - teksciki.pl

Rap

Tekst piosenki
[Строфа 1] Кој е тој во огледало еј Apex predator или празен метадон head... бенг бенг на момент барајќи го првото чувство со следното искуство. Не! Сепак штета е што нема назад па евентуално бледе таа стара слава еднаш главна фаца сега приказна на дното од празна чаша сега си антагонист во тапа расказ Драма! Од капацитет до катастрофален карактер со најлош епитет Брат... сети се, бевме иднина во движење генијалци без стимул, за успех нема спиење Но парите чим дојдат брат, нови луѓе клуч носат на нови врати ти тропаш а еднаш чим влезеш немаш излез и константно чим ја консумираш си без фидбек [Рефрен 1] Секој момент е шанса, па помини низ тоа што те тегне назад може си грешел вчера, но денес имај верба до тебе е се што ти треба, искористи го сега, не чекај! Зошто секој момент е шанса, па помини низ тоа што те тегне назад може си грешел вчера, но денес имај верба па искористи ја веднаш [Строфа 2] Ќе дојде време да се смениш, може не до степен да се жениш туку да примениш начин за решавање проблеми Знаеш ти, триесетите години не се нови дваести и нема начин да ги замениш Идат само нови наредни, па ќе кукаш како животот го спука, што оставаш тука кога тебе ќе те снема еден ден дали тогаш некој ќе се сети на тебе? Сега повлечи црта и начинот на живот промени го напрај твоето име да го нема само на споменикот и за успех што е мерило ти ќе сфатиш не се пари ниту ако си ќарил од туѓи маки Не е решението знај ако си се продал а многу во свое време го направија тоа не зошто мора, порок и слава кога е целта штета, денес тие се нечија сенка [Рефрен 2] Секој момент е шанса, па помини низ тоа што те тегне назад може си грешел вчера, но денес имај верба до тебе е се што ти треба, искористи го сега, не чекај! Зошто секој момент е шанса, па помини низ тоа што те тегне назад може си грешел вчера, но денес имај верба иако мене ме нема [Строфа 3] Верувам дека ме слушна и мило ми зашто гледам умот ти е тука фамилија и деца свои, брат, ваша куќа Се гордеам со тебе, јас ја знам целата случка како од деца израснавме што достигнавме, низ што ли не поминавме еј, и дур да трепнеш помина се Од деца до идоли до слики на билборди успеавме, денес нашите дела не прават горди Може мене ме нема но сепак среќен те гледам моето име го има едно од твоите деца и знај мојот дух ќе живее до тебе и знам дека си повеќе од спремен, но ете неможам да не те заштитам кога доаѓа прашина и не го носи товарот дека си крив што заминав Минатото не го живееме повторно отвараш нова врата, и гледаш... потомство
Tłumaczenie
Brak

Najnowsze teksty piosenek

Sprawdź teksty piosenek i albumy dodane w ciągu ostatnich 7 dni