87
Rap
Tekst piosenki
[Интро]
(Празно е знај без оваа љубов
без неа сите ги чувствуваш ко туѓи
а ние двајца за деној и ноќи сонувавме други!)
[Строфа]
(Драги мој) јас не сум веќе тој
знакот на патот не цели кон коловозот твој
Па по прв пат е вистина сето
знај од другата страна никој не би те чекал вечно
(Драги мој) се надевам си среќна
и да сеуште си радосна како што памтам
одамна јас еднаш... ни се разделија патеките
но кај да одам знај за тебе пак би спомнал
(Драги мој) за мојот најголем фан
во свое време искра за да продолжам да пишам пак
на моменти повеќе од потребна да дишам јас
но штом Вербата те остава и да си Голем - пропаѓаш
(Драги) тој ден не те препознав
енергија немаше како што знаевме некогаш
и добро знаеш - јас би прифатил вистина
јас би се помирил ако имаше причина
(Драги мој) празнината нема граница
а сигурно у потешко ќе можев јас да заминам
и ќе немаше скалила ниту пишани правила
пат кон дома - само вожња од една до друга станица
(Драги) може немаше посвета добра
но доби албум цел за тебе штом тргнав на пат кон дома
Знаеше колку можам...
ако требаше повеќе - немав нозе јас да одам
(Драги мој) а таа што ќе е следна
може ќе ме вика ко семплот што врти низ целава песна
но не ќе може да замени друга
може да е подобра и неа да сум и љубов
Исто и најголем другар, како што бевме јас и ти
би ти кажал "Те сакам" сфаќањата да ти се различни
Кога авантура и кариера
ставаш пред тоа што цел живот би те правела среќна
Тука линија се повлече и се со себе повлече
радост и болка, одново мора да почне се
И не пишувам во трето лице
а ако имало такво на твојата чест ќе личи
Некој за некој постои да го ослободи
или за да го повреди
Љубовта е голема како сите проблеми
емоцијата изгубена во сите тие потреби
(Драги мој)
Tłumaczenie
Brak
Polecani artyści
Najnowsze teksty piosenek
Sprawdź teksty piosenek i albumy dodane w ciągu ostatnich 7 dni